Се менува ли директорот на ЈП „Исар“?

Лажни вести од утринава се шират по социјалните мрежи низ Штип, дека ќе дојде до промена на директорот на Јавното претпријатие „Исар“. Сегашниот директор Живко Тасев, според пишувањата по социјалните мрежи денеска го минува својот последен ден како директор на ова јавно претпријатие. Среда е среќен ден, па се очекува од утре во директорската фотелја да седне новиот директор на оваа установа. За точноста на информациите побаравме конкретен одговор од градоначалникот на Општина Штип, д-р. Николов.

„Прв пат слушам од вас. Незнам од каде вакви информации“ – истакна Николов.

Редакцијата на М-Нет телевизија го побара и Здравко Коцев за веродостојноста на информациите.

„Сеуште нема ништо официјално, јас си ја извршувам сегашната функција“ – посочи Коцев.

Јавното претпријатие за комунално-производни и услужни работи „Исар” е основано заради вршење на стопански дејности од комуналната област од јавен интерес, а која е незаменлив услов за живот и работа на граѓаните, правните лица и државните органи на територијата на Општина Штип. На директорската функција на ова јавно претпријатие Тасев е нешто повеќе од 3 години.

Лаура Стојанова М-Нет