Екипата на Осогово со 3 нови засилувања во сабота ќе започне со подготовки за пролетниот дел

Во сабота 16 јануари ќе почнат да се полнат батериите на кочанскиот второлигаш, тимот на Осогово за пролетниот дел. Шефот на стручниот штаб Трајче Сенев ни изјави дека првата проозивка ќе се изврши во присуство на двесетина играчи кои ќе се стават на располагање за втората полуетапа. Од клубот досега највија два- тројца играчи но засега не е позната нивна нова локација. Трајче Сенев нагласи дека нови играчи во Осогово се голманот Матеј Андонов кој доаѓа од Скопје, потоа напаѓачот Благој Истатов кој дојде од Беласица и одбранбениот Христијан Коцев од екипата на Кораб. Подготовките за пролетниот дел ќе се одвиваат во Кочани а веќе се договорени и 4 контролни средби по следниот редослед:

  1. Осогово – Брегалница Штип – 30 јануари
  2. Осогово – Кит Го – 6 февруари
  3. Осогово – Токвеш – 13 февруари
  4. Осогово – Брегалница Делчево – 20 февруари

Термините се утврдени за одигрување на овие пријателски натпревари, но сеуште не се знае каде ќе се одиграат средбите. Инаку првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток ќе започне на 27 февруари а во првото пролетно коло во Кочани ќе се сретнат Осогово – Каменица Саса.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk