Се кројат лозјата и пред Св. Трифун, времето поволно за резидбата на виновата лоза

Се кројат лозјата и пред св. Трифун, времето поволно за резидба на виновата лоза. Овогодишната резидба е започната уште пред месец дена, велат лозарите за М-Нет. Децидни се тие дека до 1 април треба се да е завршено. Тоа означува дека до тој датум лозјата треба да бидат окроение и изврзани.

“Времето веќе е погодно, кроењето започна пред месец дена. Одма го врзуваме, додека го кроиме, друг врзува. Очекуваме годинава, како и останатите години, да има добра рожба, бидејќи земјата е влажна, имаше дождови, снег.”, вели Попов

И оваа година лозарите се надеваат на добра рожба, но со оглед фактот на добриот снег, дождот и влагата, тие очекуваат навистина тоа да се случи.

Инаку традиционално и оваа година, сите лозари за празникот Св. Трифун ќе ги закроат своите лозја и ќе приесат леб и вино со слава и чест на светителот, кој се смета за нивен заштитеник.

Иван Митев, М-Нет