Се асфалтираат улиците „Трајко Кошевски“ и „Мирче Ацев“ во Штип, ќе се уредува и паркинг просторот

Се нанесува асфалтна маса на улиците „Трајко Кошевски“ и „Мирче Ацев“ во непосредна близина на средното медицинско училиште во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека е нотирана потребата за асфалтирање и уредување на улиците поради големата фреквенција на возила, но и учениците кои секојдневно се движат до училиштето, со цел да се овозмижи безбедно движење.

„Започнуваме со активности за нанесување на асфалтен слој на улицата „Трајко Кошевски“ и „Мирче Ацев“ кој што се наоѓаат во непосредна близина во средното училиште „Јане Сандански“ Штип, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се асфалтираат површини. Затоа што овие улици биле амортизирани во изминатите години. Потребата ја нотиравме пред се заради големата фреквенција на движење на возилата, но и на пешаци кои што ги користат овие улици. Претходно го уредивме торотарскиот простор, а по завршувањето со нанесување на асфалтна маса ќе се уредува паркинг површина околу овие улици, заради потребата од паркирање заради месното население, но и потребите на наставниот кадар.“ – изјави Јорданов

Инаку по завршувањето на активноста со нанесување на асфалтна маса на двете улици ќе продолжи и уредување на паркинг просторот околу овие улици, заради зголемена потреба од паркинг позиции од страна на масното население, но и од наставниот кадар кој работните обврски ги извршуваат во училиштето.

„Повеќе од два милиони денари ќе бидат потрошени за рехабилитација на овие улици како и за уредување на паркинг површините. Ова е дел од програмата за уредување на градежно земјиште, а во наредните денови продолжуваме со други локации и во други населби паралелно со активности и сум убеден и верувам дека ќе овозможиме голем број на улици да добијат реконструкција и рехабилитација на површините кои што со години наназад биле дотрајани и амортизирани.“ – додава Јорданов

За целосна реконструкција и добивање нов изглед на улиците „Трајко Кошевски“ и „Мирче Ацев“ издвоени се околу два милиони денари, а ваквата активност е дел од програмата за уредување на градежно земјиште. Градоначалникот Јорданов додаде дека во периодот кој следи ќе се започнат и активности на други локации и во други населби со цел поголем број на улици кои биле заоставени и нереконструирани да добијат нов изглед.

Лаура Стојанова, М-Нет