
Пристапен пат и улица до гробиштата во село Аргулица ќе добијат овдешните жители. Со ова ќе се зголеми и брјот на паркинг места. Овој проект е по барање на жителите, а како потреба е нотиран на средбите меѓу градоначалникот Виктор Паунов и месното население. Во периодот кој следи улиците ќе бидат асфалтирање со што ќе се подобри инфраструктурата во ова населено место.
„Овде започнуваме со реализација на уште еден проект, а тоа е пристапен пат и улица до месните гробишта кои се наоѓаат во селото. Со ова ќе се обезбедат и нови паркинг простори. Се работи на проект кој е по барање на жителите. Го нотиравме по неколкуте средби кои ги имавме овде со месното население и очекувам дека овој проект ќе придонесе да жителите од ова место се движат непречено кон ова место“ – вели Паунов.
Паунов посочи дека со забрзано темпо на работа продолжуваат и во наредниот период. Ќе се асфалтираат низа улици во Козјак и Радање. Проектот е вреден девет милиони денари, а опфатени се осум улици.
„Продолжуваме ние како Општина Карбинци да уредуваме, да градиме и да реновираме улици пред се по потребите на самите граѓани. Не застануваме овде, село Козјак исто така започнавме две нови улици кои деновиве ќе се припремаат за асфалтирање, а ќе се асфалтираат и нови три улици во село Радање кои ќе ги започнеме наредните денови.“ – вели Паунов.
Со реконструкцијата на улиците во Општина Карбинци се подобрува инфраструктурата во оваа општина и се подобрува начинот на живот за граѓаните, дециден е Паунов.
Лаура Стојанова М-Нет