
Потпишан меморандум за соработка меѓу УГД Штип и Државниот завод за стстистика. Ова е од големо значење и за двете страни. Рекоторот, Дејан Мираковски, посочи дека на ваков начин се помага и на студентите и на професорите бидејќи ќе имаат можност да соработуваат со професионалци во областа на статистиката.
„Статистиката и бројките се многу важни за фалтичката сосотојба да се увиди и да се направат подобри основи за истражување и подобри решенија за проблемите. Наместо да зборуваме само со дискусии кои немаат содржина, дискусиите врз основа на бројки и на факти ќе ни овозможат многу подобро решавање на проблемите со кои се среќаваме.“ – вели Мираковски.
Со потпишувањето на овој меморандум се нуди поголема соработка со студентите бидејќи тие се најголемите корисници на статистичките податоци. Во меѓувреме се одбележа и светскиот ден на статистиката, а целта е да се има квалитетни и меѓународно споредливи статистички податоци.
„Првата причина е потпишување на меморандум за соработка меѓу Државниот завод за статистика и УГД, што е особено значајно за нас како завод за статистика бидејќи студентите се најголемите користници на нашите статистички податоци.“ – вели Станков.
Со помош на оваа соработката ќе се организираат и серија обуки за студентите на УГД од страна на професионални статистичари во државниот завод за статистика во делот на користење на податоците. На овој начин ќе се прошири нивното практично знаење.
„Нашиот универзитет е важно не само теоретските и академските знаења на студентите, туку и нивно практично проширување на нивните вештини коишто ќе ги зголемат.“ – вели Лазаров.
Во периодот кој следи ќе се разгледа и можноста за конкретни форми на соработка, научно истражувачки проекти со цел да се зголеми научно истражувачката инфраструктура и да се понуди на студентите модерни услови за стекнување на модерно образование.
Лаура Стојанова М-Нет