
Под мотото „Спортистите даруваат“ денеска членовите на одбојкарскиот клуб Штип УГД даруваа крв во салата Јордан Мијалков во Штип. Оваа акција се реализира за првпат оваа година, а тенденција е да прерасне во традиција која ќе се одржува секоја полусезона. Освен одбојкарите, можност да донираат имаа и сите спортски работници.
„Денес сме во спортската сала Јордан Мијалков кадешто се реализира крводарителска акција под мотото „Спортистите даруваат“. Целта на крводарителската акција е да се соберат што е можно повеќе крвни единици и секако да се спасат многу животи. Крводарителската акција е во организација на одбојкарскиот клуб Штип УГД и се одржува за првпат.“ – вели Стаменков.
Спортистите велат за нив дарувањето крв значи можност да се помогне некому, да се спаси нечии човечки живот. И поран дарувале крв, но сега за првпат тоа го прават во организација на нивниот клуб.
Да се соберат што е можно повеќе крвни единици беше денешната цел на крводарителската акција, да се покаже хуманоста на дело и да се спасат чоовечки животи.
Лаура Стојанова М-Нет