
Градоначалникот Иван Јорданов и советниците од ВМРО ДПМНЕ се повоторно во обид да ги задолжат граѓаните на Штип, овој пат за четити милиони евра преку издавање на обврзница, обвинија денеска на прес конференција од советничката груша на СДСМ и колацицијата. Од таму велат дека по година дена од мадатот на Јорданов, во кој нема направено ништо, а сите капитални прокети се финансисрани од светска банка, тие немаат право да ги задолжат граѓаните со нови четири милиони евра.
„Пред точно една година Јорданов наследи во општинската каса нас 40 милиони денари. Во време на мандатот на СДСМ општината беше ликвидна, навремено се сервисираа обврските и со сопствени средства и преку аплицирање на прокети Штип се движеше во нагорна линија. Денес и покрај распродажбата на општинскиот имот, покрај покачените цени за смет за 110% и значително зголемените приходи на општина од продажба имот, даночни приходи и присилна наплата на данок сосема е неоправдано ова задолжување од четири милиони евра.“ – кажаа од СДСМ.
За СДСМ карактеристично е да пласираат лажни информации и да ја замајуваат јавноста, одговори градоначалникот Јорданов. Додава дека не станува збор за задолжување на општината туку начин на финансирање.
„Тоа што СДСМ го презентира е немоќ затоа што тие го умртвија градот. Изминатите години владеење ништо не оставија зад себе туку единствено по што се препознатливи е пет милиони евра долг кој го оставија на ЈП Исар. Ова е чекор кој се случува во западноевропските земји, обврзницата е доказ дека општината работи транспарентно ликвидно и има зголемено ниво на приходи. “ – одговори Јорданов.
Обврзницата за првпат се случува во Македонија, од земјите во регионот се случува само во Хрватска. Според градоначалникот Јорданов со овој чекор се работи на развивање на градот.
Лаура Стојанова М-Нет