
Денеска православната црква го празнува празникот Света Параскева, или Света Петка. Во календарот се запишани уште две Света Петки кои се празнуваат во различен период и во различно време. Денешната Света Петка е родена во богато семејство и откако нејзините родители починала продолжува да живее во пустина, се до пред крајот на нејзинот живот кога се враќа во родниот град.
„Оваа Света Петка која денес ја славиме е родена близу Цариград во многу богато семејство. Имала уште еден брат кој подоцна се замонашил и станал епископ Ефтимиј, а откако нејзините родители починале таа својот имот го раздала на сиромаси и се упатила во пустина. Долги години живеела таму и пред крајот на својот живот и се јавил ангел господов кој и рекол да ја остави пустината и да се врати во својот роден град.“
Моштите на Света Петка долго време биле закопани надвор од градските гробишта, се додека случајно селаните од селото на истото место не закопале труп на морнар исфрлен од морето.
„Моштите на Света Петка иако 200 години од нејзината смрт стоеле закопани надвор од градските гробишта, еден ден морето исфрлило труп на некој морнар. Трупот почна да мириса, а во близината некој монах ги повикал селаните да го погребат трупот“
Граѓаните кои денеска ја посетија црквата во населба Сењак во Штип со пораки за здравје, мир и бериќена година.
Празникот Света Петка секоја година се празнува на 27 октомври, менува ден но, не и дата.
Лаура Стојанова М-Нет