
Започна пријавувањето за најголемата трка во Штип „Струмина Треил “ која годинава ќе се одржи на 27 ноември која традиционално стартот на трката е пред средното медицинско училиште Јане Сндански. Пријавувањето се врши исклучиво онлајн со пополнување на формулар а сите заинтересирани спортисти, рекративци и останати може да се пријават најдоцна до 20 ноември. Организаторите веќе ги почнаа подговотвките за претстојната трка која секоја година се трча во должина од 18,5 километри со 750 висински метри а се поменува и низ познатите чешми Струмина, Љупчова и Курт Бунар. Струмина Треил која ќе се одржи 9 година по ред на која традиционално се пријавуваат учесници од сите градови од Македонија но и од повеќе странски држави. Инаку Струмина треил се одржува од 2014 година и претставува одлична платформа за привлекување на што повеќе млади тркачи во планинското трчање но и одличен предизвик за искусните.