СДСМ Штип: Вработени во јавниот сектор биле принудени да се зачленат во синдикат

Закани добивале вработените во јавниот сектор за да бидат дел од одредени синдикати – посочија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Како што велат од таму одредени лица вршеле притисок врз вработените, заканувајќи им се со санкции доколку не се зачленат во синдикат.

„ Овие постапки се неетички, незаконски и претставуваат директно кршење на основните работнички права. Секој работник има право слободно да одлучи дали ќе биде дел од синдикат или не. Секој обид за присилно синдикално организирање е спротивен на демократските принципи и неприфатлив во едно демолратско општество. Бараме итна реакција од надлежните институции. Ги повикуваме: • Државниот инспекторат за труд, • Министерството за труд и социјална политика, • Синдикалните организации, да ги истражат овие наводи и да преземат конкретни мерки за заштита на работниците од било каков вид на притисок. СДСМ како одговорна партија која ги застапува интересите на работниците, ќе продолжи да ги разоткрива сите евентуални злоупотреби и прекршувања на работничките права. “ – велат од СДСМ.

Од СДСМ Штип потенцираат дека ниту еден работник не смее да биде принуден да донесува одлуки под закана или притисок. Додаваат дека институциите треба да застанат во заштита на правата на вработените.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет