
Корона пандемијата не научи да ги почитуваме превентивните мерки за заштита од ковид 19, во оваа фаза потребно е да бидеме сплотени и обединети и да ставиме приоритет на вакцинацијата со која ќе се стави крај на пандемијата, порачаа од СДСМ, денеска од салата Јордан Мијалов во Штип.
„Процесот на вакцинација тече со добра динамика, вакцините ќе бидат распределени за што повеќе граѓани за што пократко време да се вакцинираат. Да ја искористиме шансата за вакцинација бидејќи само така ќе го победиме вирусот ковид 19“ – истакнаа од СДСМ.
Од СДСМ упатија огромна благодарност до сите медицински лица, волонтери и помошен персонал кои активно се вклучени во процесот на вакцинација и даваат голем придонес во успешно одвивање на овој процес.
Лаура Стојанова М-Нет