Светски ден за борбата против рак, лекарите апелираат на прегледи, бидејќи процентот се зголемува

Чести прегледи и контроли со цел рано откривање на ракот кај луѓето, советуваат лекарите по повод светсткиот ден за борбата против рак. Д-р Валентина Митрова вели дека и во самиот старт на оваа година работата и започнала со два нови случаи на карцином. За М-Нет телевизија таа вели дека најчесто жените заболуваат од карцином на дојка и рак на грлото на матката, додека мажите карцином на простата и дебелото црево.

Карциномите можат рано да се откријат со скрининг програми кои постојат во државава. Секоја промена при дојката е многу важно да биде консултирана со стручно лице, советува Митрова

Министерството за здравство во согласност со препораките на ЕУ и светска здравствена организација спроведув национален скрининг за рак на дојка, грло на матка и дебело црево. Според податоците обработени од 2024 година опфатот на скрининг на дојка е 12 473 жени , а за матка 50 529 жени до октомври 2024. Споредбено со претходната 2023 заклучно е дека во 2024 година е зголемен опфатот на бројот скрининг на ракот на грлото на матката и рак на дојката. Во 2025 година она што е планирано од страна на министерствотот е проширување на програмата со скрининг на рак на црн дроб и воведување на дигитални модули за следење на процесот.

Иван Митев, М-Нет