Втор јавен повик за искористување на средства до 15 милијарди денари, кои владата ги стави на располагање до општините

Втор јавен повик за искористување на средства до 15 милијарди денари, кои владата ги стави на располагање до општините. Премиерот Мицкоски во днешната изјава вели дека овие средства не подразбира дека треба да бидат потрошени во 2025 тата, туку и во 2026 и 2027 година. Ваквата можност ќе биде достапна за сите заинтересирани од единиците на локалните самоуправи.

„Отпочнавме со постапката за објавување на вториот повик преку министерството за локална самоуправа со кои што ќе се изрази интерес на единиците на локална самуоправа за финансирање на капитални проекти од интерес на граѓаните. Станува збор за втор јавен повик за искористување на средства од оние 15 милијарда денари, кои владата ги стави на располагање на општините. Повторувам до 15 милијарди денари ќе биде вредноста на овој втор повик, но тоа не подразбира дека сите овие средства ќе бидат потрошени во тековната фискална година. Ќе повторам можно е некој проекти да влезат и во три годишни буџети и во 2025 тата и во 2026 и 2027 година.“, вели Мицкоски

Владата воедно го задолжи министерството за локална самуправа, откако сето ова ќе биде завршено, да го објави јавниот повик за изразување на интересот од страна на единиците на локална самоуправа за финансирање на овие проекти, додава Мицкоски

Владата воедно го задолжи министерството за локална самуправа, откако сето ова ќе биде искристализирано, да го објави јавниот повик за изразување на интересод страна на единиците на локална самоуправа за финансирање на овие проекти, кој што се дел од овој втор повик. Општините преку овој втор повик ќе имаат на располагање до 15 милијарда денари за проекти кои што ќе бидат финансирани од централниот буџет.“, додава Мицкоски

Во согласност со ситуацијата, ова ќе претставува уште подобра можност за општините за да тие аплицираат со цел да реализираат уште повеќе проекти во дадениот износ.

Иван Митев, М-Нет