Самостојната изложба на фотографии „Огледало“ под објективот на Маја Рамона Крстевска

Маја Рамона Крстевска професор по македонски јазик. Зад себе со објавени две збирки поезија. Многу награди, дипломи и признанија на меѓународно ниво како и на регионално. Но, покрај оваа професија нејзината пасија е токму фотографијата. Со фотографијата активно се занимава од мала возраст, а во 2008 година започнува активно да се вклучува на фотографската сцена. Зад себе со свои 6 самостојни изложби, меѓу кои на ден 11.02 се одржа самостојна изложба на фотографии „Огледало“. Која е тематиката на оваа изложба?

„Многу лична пред се и слободна за да може секој да се пронајде во било која фотографија.“

Дваесет фотографија со различна приказна и тематика, но сите поврзани една со друга. Самојстојната изложба „Огледало“ се одржа на 11.02 и помина во најдобар ред според протоколот за заштита од Ковид-19. Колку е задоволна Крстевска?

„Решивме да организираме еден настан затоа што долго време овде во Штип немало некој посебен настан па дури и изложба на фотографии. Jас сум задоволна од посетата и со тоа што секој од посетителите успеа да си најде своја фотографија со тоа што успеа да си најде своја лична приказна.“

Која  е уникатната приказна која сакаш да им ја прсо тенесеш на љубителите на уметноста?

„Всушност мојата приказна односно мотото кое сакам да го кажам преку мојте фотографии е секој човек треба да го прави тоа што сака затоа што на крајот тоа е храната на душата“.

Ужива во својата професија, ужива во фотографирањето. Па, што најмногу сака да долови Крстевска преку нејзиниот објектив?