Приведено 19 годишно момче од Штип поради тешка кражба на дрва

На 12.02.2021 во 18.20 часот од полициски службеници од СВР Штип бил приведен Т.Д.(19) од Штип, поради постоење основи на сомнение за извршена тешка кражба на дрва и спречување на службено лице во вршење на службено дејствие. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.