Утре православните христијани го празнуваат празникот Св.Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. Овој празник секоја година се прославува на 14 февруари менува ден но не дата. Традиционално на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетн ите празници. Меѓутоа, освен Св. Трифун на истата дата се прославува и Свети Валентин. Денот е именуван според еден ранохристијански маченик наречен Валентин и е одреден од папата Гелазиус I во 500 г.н.е. Традиционално на овој ден, вљубените ја изразуваат нивната љубов, меѓусебно со подарување цвеќиња и слатки производи.
„Ден на вљубените и СВ.Трифун oдеме свиреме сега поради короната нема да можеме,одеме по лозjата закројуваме.“
„Ќе го славеме нашиот православен СВ. Трифун, пред десест години немаше СВ. Валентин, традицијата е наша се знае се закројуваат лозjата и годината да биде по родна.“