
Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари од 22. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Натпреварите од оваа коло се закажани за сабота со почеток од 15:00 часот.
Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност преку директен пренос во живо да го проследат соочувањето на Слога и Воска Спорт на Градскиот стадион во Виница, каде главен судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 22. КОЛО ВМФЛ:
Пелистер – Детонит Плачковица, Игор Иванов (Велес)
Охрид – Борец, Александар Василевски (Скопје)
Арсими – Караорман, Дени Лековски (Битола)
Кожуф – Локомотива, Влатко Илиоски (Прилеп)
Вардар – Каменица Саса, Александар Урошевиќ (Тетово)
Тетекс – Беса, Марјан Младеновски (Скопје)
Беласица – Гостивар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Слога Виница – Воска Спорт, Доне Ристовски (Гевгелија)