
Викендот на програмата се натпреварите од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига. Веќе се познати и судии кои ќе ја делат правдата на сите пет натпревари, кои ќе стартуваат во 15 часот.
Колото ќе биде отворено во сабота со мечот во Ѓорче помеѓу Македонија и Работнички, а ќе биде комплетирано в недела со останатите четири натпревари.
Во оваа коло за првпат жена ќе биде главен судија на меч од Првата македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди на Шкендија и Победа во Тетово.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 25. КОЛО ПМФЛ:
Македонија ЃП – Работнички, Александар Ставрев (Скопје)
Струга Трим Љум – Академија Пандев, Јосип Бартон (Скопје)
Шкупи – Скопје, Стојанче Стојанов (Штип)
Шкендија – Победа, Ивана Пројковска (Скопје)
Брегалница – Тиквеш, Александар Грујоски (Кичево)