Ристе Јанков од Брегалница нов голман на Тиквеш

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш од Кавадарци се засили со голманот Ристе Јанков, кој доаѓа од редовите на штипска Брегалница.

25-годишникот минатата сезона го чуваше голот на Брегалница, а во својата кариера има настапувано за Поли Јаши во Романија, за екипата на Каспиј од Казахстан како и за Работнички кој е негов матичен клуб и Локомотива.

Јанков беше стандарден голман во младинските категории на македонската репрезентација.

Тиквеш по три одиграни кола има два порази од Струга и Беса од минимални 1:0, а со 2:1 славеше над Воска Спорт.

Александар Ванев, М-Нет