Детонит Плачковица ја поправи играта со Саса, Варадиновски вели дека поразот со Новаци е само еден лош ден!

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија

Детонит Плачковица во рамки на втората рунда со 0:2 ја совлада Каменица Саса на гостински терен, со што ја поправи лошата игра од мечот со Новаци кога дома загуби со 2:4 на отварањето на новата сезона во Втората лига.

„Со играта на натпреварот во Македонска Каменица покажавме дека она што ни се случи претходната недела е само еден лош еден што може да и се случи на секоја екипа. Доминиравме во текот на целиот натпревар и ќе се обидеме се она што го направивме на овој натпревар да биде репер на тоа ако треба да изгледаме во понатамошниот тек од првенството“, рече Варадиновски во изјава за М Нет.

Колку играта е поправена ќе покаже натпреварот со Вардарски, кој се игра во Радовиш, а потоа ќе следува пауза која ќе биде добредојдена за многу екипи со цел да се направи една анализа на воведниот дел од првенството, но и на тоа како играчите се вклопиле во новата сезона.

Александар Ванев, М-Нет