Поранешниот капитен на Брегалница и штипска легенда Ристе Наумов во стручниот штаб на „сините“

Второлигашот Брегалница од Штип го засилува стручниот штаб откако во истиот влегува поранешниот капитен на „сините“ и штипска легенда Ристе Наумов.

Со својата богата интернационална кариера и големо фудбалско искуство, Наумов ќе биде од голема помош во стручниот штаб за исполнување на целите на Брегалница, а тоа е експресно да се врати во Првата македонска фудбалска лига.

„Со овој потег, раководството на Брегалница покажува респект кон оние кои дале многу за клубот, а воедно и знаат како треба да се работи во клубот да се оди напред. Му посакуваме успешна и плодна работа на Ристе Наумов“, велат од штипскиот второлигаш.

Брегалница новата сезона ја стартуваше со две победи над Победа и Новаци, а викендот ќе игра против Саса на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет