Ржаничино го доби дербито со Гоце Делчев и стана шампион во ОФЛ Гази Баба!

Екипата на Ржаничино стана шампион во Општинската фудбалска лига Гази Баба или Четврта лига откако на домашен терен со 2:1 славеше над директниот конкурент Гоце Делчев.

Двете екипи имаат ист број на бодови односно 47, меѓутоа Ржаничино е подобар и е прв, односно шампион во ОФЛ Гази Баба, па така екипата на Ржаничино се стекнува со право да заигра во Трета лига – Север.

Иван Петревски во 4. минута постигна гол за 0:1, а дваесетина минути подоцна Филип Јовановски израмни на 1:1. Во вториот дел односно во финишот од мечот Мартин Лазев постигна гол за комплетен пресврт и конечни 2:1.

Во среда преку ждрепка екипата на Ржаничино ќе го дознае противникот во баражот за влез во Трета лига – Север. Можен противнити се екипите на Студеничани, Њу Старс и Пчиња.

Александар Ванев, М-Нет