Во текот на утрешниот ден ќе се изврши првата адултицидна дезинсекција и втората ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип.

“На ден 28.05.2024 година (вторник ) во раните утрински часови Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе прва адултицидна дезинсекција и втора ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 01 до 04 часот адултицидната и од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекција. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип.“- велат од општината
Во период од 01 до 04 часот ќе се извршува адултицидната, а од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекција. Во Штип претходниот период се одржа една ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите од комарците. До месец ноември предвидени се 7 третирања против комарци и едно авионско прскање.
Лаура Стојанова, М-Нет