
Денес на програмата на ФФМ се двата натпревари во рамките од бараж средбите за Првата фудбалска лига на Македонија. За екипите на Ренова и на Силекс ова ќе биде спас за опстанок во лигата а пак за тимовите на Охрид и за Тиквеш ќе биде надеж за пласман во Првата лига. Кој ќе ја има предноста, надмоќноста и секако среќата за успех ќе решат 90 минути од овие два дуели. Во случај на немање на победник во регуларните 90 минути односно нерешен резултат, веднаш ќе се премине на пенал рулетот. Натпреварот Силекс – Тиквеш ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески а овие две екипи одиграа бараж средба пред три сезони кога Силекс славеше со резултат 3:2. Мечот Охрид – Реновa пак ќе се одигра на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски со ист термин на почеток во 16.00 часот. Најавите велет дека навивачките групи на сите четири екипи се во состојба на приправност и се подготвени достоинствено со „фешта“ да ги дочекаат и заедно да прослават со своите екипи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk