
СВР Штип до Основното јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против В.С.(30) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „несовесно работење во службата“ казниво по чл.353-в ст.5 и „неизвршување на судска одлука“ казниво по чл. 377 ст.2 од Кривичниот законик.
Пријавениот, референт за управни работи за Свети Николе во Отсек за управни работи Штип, во текот на 2021 година на лице-возач му ја вратил возачката дозвола која му била привремено одземена без да му ја впише изречената прекршочна санкција „забрана на управување со моторно возило од Б категорија во траење од 3 месеци“ која му била изречена со судска пресуда и на тој начин ги повредил законските прописи за спроведување на управна постапка, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и не извршил правосилна и извршна судска одлука.