Креативна работилница во штипската Библиотека за одбележување на 24 мај

Штипската Библиотека го започна одбележувањето на 24 мај – Денот посветен на Кирил и Методиј. Учениците во прво одделение од ООУ „Ванчо Прќе“ заедно со својата наставничка и вработени во библиотеката преку креативна работилница ги учеа буквите од азбуката и факти од животот и делото на Кирил и Методиј.

Во врска со активноста, директорот на националната установа, Тодор Џидров, истакна дека е дел од годишната програма и проект од национален интерес.

„Овој проект е финансиран од Министерството за култура и е насловен како „24 мај – Ден на сесловенските просветители“. Работилниците од овој проект опфаќаат повеќе целни групи: лицата со попреченост од Дневниот центар „ПОРАКА“, ученици од ООУ „Ванчо Прќе“ и учесници од Дневниот едукативен центар „Смарт енд хепи““, истакна Џидров.

Целта на активностите е да се оддаде чест на браќата како мисионери на христијанството и создатели на првата азбука – глаголицата. Креативните работилници ќе се спроведуваат повеќе денови во рамки на одбележувањето.

Ребека Спасова М-Нет