Реми без голови во Кратово: Силекс и Гостивар одиграа „нула“

Воведниот меч од 26. коло од Првата македонска фудбалска лига кој се одигра во Кратово помеѓу екипите на Силекс и Гостивар заврши без победник и без погодоци (0:0).

Ова беше дерби за четвртото место на прволигашката табела, со што Силекс останува на 4. место со 37 бодови на своето конто, а пак Гостивар е на 6. место со 33 бодови на своето конто.

Утре ќе се комплетира 26. коло со останатите шест натпревари. Штипска Брегалница на домашен терен ќе игра против Шкупи, на Градски нема да се наплаќа карта со цел поголема поддршка за Брегалница во тешката борба за опстнаок, Вардар ќе биде домаќин на шампионот Струга Трим Лум, Македонија ЃП против тетовска Шкендија, Тиквеш ќе биде домаќин на Брера Струмица, а во Охрид се игра дерби од долниот дел на табелата меѓу Воска Спорт и Работнички.

Сите натпревари стартуваат во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет