
Гнев и револт кај родителите во карбинското село Крупиште, поради нивни информациите дека од 1 септември нивното подрачно училиште би можело да стави клуч на врата. Велат, ако тоа навистина се случи, нема да дозволат нивните деца секојдневно да патуваат десетици километри до друго училиште. Тврдат дека училиштето е изградено со големи маки и трудот на нивните предци, кои по уништувањето на селото во 1944 година, за време на војната, повторно го изградиле од темел. Родителите тврдат и дека во училиштето има доволен број ученици за да продолжи наставата и дека нема причина децата да бидат префрлани во други населени места.
Родителите велат дека немаат доверба децата да ги пуштат во друго училиште. Исплашени се за тоа како ќе се снаоѓаат децата по завршување на часовите и додека го чекаат превозот за враќање дома.
Во вчерашната изјава, градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, ги демантираше информациите дека училиштето ќе биде затворено. Тој вели дека подрачното училиште во Крупиште ќе продолжи да работи со една комбинирана паралелка, и покрај намалениот број на учениц
“Oва е неточна информација. Подрачното основно училиште ќе продолжи да функционира иако е опфатено со дел од оптимизацијата, затоа што е намален бројот на деца, но ова училиште ќе продолжи да работи со една паралелка во одделенската настава, затоа што бројот на деца во ова населено место изнесува под десет, односно брои девет деца од прво до петто одделение и го исполнува условот за една комбинирана паралелка, така што ова училиште ќе продолжи да работи.“, тврди Паунов
Родителите остануваат на ставот дека ќе продолжат да бараат училиштето да работи без промени, додека од општината уверуваат дека наставата ќе продолжи и во новата учебна година.
Иван Митев, М-Нет