Револт во село Тркање – жителите секој ден се без вода по два часа, Грозданов: питката вода се троши за наводнување бавчи и тревници

Секој ден по два часа без вода остануваат жителите на кочанското село Тркање. Револтирани велат дека веќе две недели вода снемува секој ден, а кога повторно ќе дојде, е матна и нечиста. Стравуваат дека поради тоа им се расипуваат чешмите, бојлерите и машините за перење. Се жалат дека низ цевките оди само воздух, а водомерот си брои како да има вода. Велат дека никој не им одговара на повиците и бараат надлежните конечно да го решат проблемот.

,,Секој ден однемува по саат до два. Причините мислам дека имаат загуба на вода, им се расипани помпите и треба замена на истата. Последните две недели е проблемот, а водата е многу заматена и гадна кога дојде. Па ќе се расипат и перални и болјери, веќе сите чешми се расипани, гумичките течат, а колку е чиста тоа не знаеме. Многу после воздух искаруваат цефките и тоа се си врте на саато и ќе плаќаме вода. Па имат сега броеви за овие што се одговорни за дефеци, но не се јавуваат. Претходно се јавуваа, сега не. Изменети се се нови луѓе. “, велат жителите

И покрај револтот, жителите апелираат, надлежните да ја сменат старата пумпа која, велат, постојано се расипува и го остава селото без вода.

,,Да си санират проблемо, да си купат нова помпа, пошто таа е дотѕраена и се исклучува ном стоп. Таа помпа ја префрла водата од фабриката за вода во резервоар во Тркање и сега он се исклучува често и резервоаро останува празен. Скапа и била помпата, дали имат пари, дали немат, не знам, ама мислам немаат пари. Општина е не е поединец,па да немам пари да купам. Знаеме како е сега, ако не платеш ќе дојдат ќе ти исклучат.“, додаваат жителите

За проблемот, М-Нет телевизија се обрати до градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов. Тој вели дека во летниот период потрошувачката на вода е значително зголемена, а причината, според него, е користењето на питката вода за наводнување на тревници, бавчи и градинарски култури. Поради тоа, во одредени делови од водоводниот систем доаѓа до намален притисок и повремени прекини во водоснабдувањето

,,Знаеме дека во летните перидои е енормно зголемена потрошувачката на вода, не толку како за користење на лични потреби, што е неминовен приоритет, овде зборуваме за пиење и вода за одржување личната хигиена, туку пивката вода, која се помалку и помалку ја имаме, сведоци сме и на светско ниво, да ја користеме за наводнување на тревници, на бавчи и градинарски култури. Мислам дека е себично од таа страна, а не е солидарно кон другите. Во системот водоводен во Кочани , посотојат неколку нивоа. Имаме ниска зона, средна и висока и претпсотавувам дека во случај кгоа се полнат резервоарите за висока зона, може би и дел од ниска зона да има помал притисок и да нема вода, но тоа е се со цел да сите граѓани на Општина Кочани опслужат со таа вода, која што им е неопходно пторебна, a тревниците и градинарските кутлрути, доколу не се во близина на техничка вода, на канал од каде би можеле да црпат, греота е пивката вода ни оди за наводнување.“, вели Грозданов

Градоначалникот Грознданов потенцираше дека нема никаов дефект со пумпата за наводнување.

Иван Митев, М-Нет