Раскинат договорот за електрична енергија и со Општина Штип, проблемот е најголем за ЈП „Исар“

Приватните оператори – доставувачи на електрична енергија го раскинаа договорот и со Општина Штип. Поради економската криза и покачувањето на цената на електричната енергија операторите ги раскинаа договорите со повеќето Општини, како и со приватниот сектор. За Штип ова претставува голем проблем, особено за ЈП „Исар“ кое би имало повисоки милионски трошоци.

Како што додаде Јорданов, проблемот со цената на струјата е голем за сите Општини, поради што е потребна и државна интервенција. Во спротивно проблемот ќе се одрази и врз граѓаните кои ќе плаќаат повеќе за услугите на јавните претпријатија

Електрична енергија од приватни оператори користат сите инстиуции кои се по Локална самоуправа, вклучувајќи ги ЈП „Исар“ и „Стипион“, како и градинките и училиштата. Сепак, проблемот најголем ќе биде со ЈП „Исар“ поради бунарскиот систем за водоснабдување

Ребека Спасова МНет