Дивеел во сопствениот дом, тешко го повредил чичко му и оштетил автомобил на улица во Пробиштип

На 28.12.2021 полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода Д.Д.(46) од Пробиштип, затоа што околу 17.30 часот го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и насилно однесување во својот дом, а потоа и на улица, оштетил паркирано патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на К.Ц. од Пробиштип, а употребил и физичка сила кон својот чичко М.Д.(72), кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Д.Д. бил приведен и задржан во полициска станица и по насока на Јавен обвинител ќе му биде поднесен соодветен поднесок.