Рамноправноста и понатаму проблем во општеството, според штипјани старите традиции се уште активни

Според мажите, жените имаат поголеми права во државата, а според жените истит за нив се нефукционални, кога станува збор за рамноправноста во денешницата. Според граѓаните на Штип, секој различно гледа на ситуацијата, па кога би се зело во предвид поголем дел од нив истакнаа дека правата на жените во денешницата се речиси дискриминирани, додека помал број велат дека и машките права се нефукционални во самото општество.

“Па мислам дека жените имаат поголеми права од мажите, тоа е факт. Превише и се даде право, секогаш на нив се им е малку, затоа браковите не успеват и се разведуваат. Веќе дури и возрасните.“, истакнаа граѓаните

Жените се повеќе обврзани со домакинството, но и во воспитниот процес на децата, одколку мажите и според штипјани ваквата традиција сеуште е секојдневие.

“Да ви кажам скору еднакви треба да бидат, ама не се, мислам дека не се жените еднакви. Тие одат повеќе на работа со деца, со учење, а мажите повеќе одмарат.“, изјавија граѓаните

Во согласност со ситуацијата, според штипјани можеби недоволната зрелост и начин на размислување, нуди проблеми преку кој речи си секој втор брак е неуспешен, но според некој и преголемото право на жените, кои се управувачи во едно младо семјство.

Лаура Стојанова, М-Нет