
Лесни оклопни возила, транспортери, страјќери, противвоздушна одбрана, обезбедува министерството за одбрана во текот на 2024, 2025 година. Министерот на министерството Владо Мисајловски на денешната прес конференција, истакна дека ваквите набавки се согласно побарувањата на армијата и затоа министерството е во процес за набавка на истите. Тој додатно вели дека пред две недели тие добиле пакет помош од ЕУ во износ од 13 милиони евра, сума финансирана во рамките на европскиот мировен фонд.
“Согласно побарувањата на армијата во процес сме на набавка на лесни оклопни возила, окопни траспортери, опрема за противвоздушна одбрана хелихоптери. Инжинерски машини, опрема за специјалните сили и специјалните единици. Дополнително пред две недели добивме пакет помош од 13 милиони евра од ЕУ, кој што ќе се финасисира во рамките на европскиот мировен фонд.“, истакна Мисајловски
На 29 јули годинава се доделени шест нови лесни оклопни возила за проектот што се реализира во текот на оваа година и заклучно во текот на следната 2025м додава Мисајловски
“На 29 јули 2024 година беа доделени шест нови лесни окопни возила. Ова е дел од проектот кој што ќе се реализира за 2024 и 2025 година со што македонската армија ќе добие нови 96 лесни окопни возила.“
Вкупно 42 возила страјќери треба да пристигнат во текот на 2025 година, а покрај ваквиот проект, се работи и на проектите за противоздушна опрема, односно одбрана, како и за набавка на рактен систем. Потпишан е и договор за 8 повеќенаменски хелихоптери, четири од типот 149 и четири од типот 169.