Ракометарите на штипски Текстилец на тешко гостување, Младост Богданци домаќин на Драчево!

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 13. коло на Првата ракометна лига, а во рамки на истото ракометарите на Текстилец УГД од Штип ги очекува тешко гостување кај големиот фаворит Македонија ЃП. Штипјани ќе се обидат да парират во обид да направат изненадување за трето сезонско славје.

Еурофарм Пелистер 2 и Металург РА ќе се соочат во Битола каде домаќинот е голем фаворит, Шампион ќе има тешка задача против ланскиот суперлигаш Скопје, додека пак Аеродром како фаворит ќе игра против Кичево.

Јехона би требало да има лесна задача против струмички Астраион на свој терен во Гостивар, додека пак дербито во групата Б се игра во Богданци каде ќе се соочат Младост и Драчево, дерби од врвот на групата на две екики кои имаат по 16 бодови.

Преспа Вардар кој има минус еден бод ќе бара прва радост против Вардар Неготино, но ланскиот суперлигаш е голем фаворит и лесно би требало да заминат бодовите во Неготино.

Александар Ванев, М-Нет