
Одбојкарките на Младост УГД запишаа голема победа во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, откако со 3:0 во сетови го декласираа тимот на Ускана од Кичево.
Штипските одбојкарки домираа во сите три сетови и практично не ми дозволија на противникот ниту во еден момент да дојде барем до егал борба во некој од трите сетови.
Првиот сет заврши со 25:5, вториот со 25:9, а пак третиот сет со 25:10. Со вакви резултати во сетовите Младост УГД прикажа одлична игра и лесно стигна до својата цел за ново славје.
Во однос на останатите натпревари Струмица Жени загуби од Наковски Волеј со 0:3 во сетови, додека пак Работнички Скопје со 3:1 направи изненадување против лидерот Јанта Волеј КВ. Во самата најава на М Нет телевизија за овој дерби меч спомнавме дека е Работнички е мотивиран за триумф и тоа и се случи.
Колото ќе се комплетира со мечот меѓу Фит Фан Волеј и Вардар ЕМ, а со тоа ќе го имаме конечниот изглед на табелата. На врвот останува Јанта Волеј со 35 бодови, а пак Работнички е втор со 34 бодови. На петтото место е Младост УГД од Штип со 16 бодови.
Александар Ванев, М-Нет