РЕКОРД: Салата „Боро Чурлевски“ во Битола распродадена за седум минути: „Чкембари“ и „Комити“ најавуваат спектакл

ФОТО: ФК Еурофарм Пелистер

Во сабота со почеток од 18 часот ќе се одигра големото ракометно дерби меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и поранешниот шампион Вардар.

Битола уште еднаш потврди зошто е најракометен град во Македонија, откако салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше распродадена за само седум минути. Салата има капацитет од 3.500 седишта, а дополнително атмосферата ќе ја вжештат двете навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“.

Еурофарм Пелистер како домаќин подготвува хумана акција, на теренот ќе се фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории, а клубот со оваа акција сака да исрпати порака за да се потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.

Правдата на мечот ќе ја делат нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, а делегати на натпреварот ќе бидат Марјан Начевски и Драган Начевски.

Александар Ванев, М-Нет