
Претпоследен пазарен ден пред Нова година во Кочани. Раздвиженоста делумна, избор на производи има, цените речиси идентични како и претходната година овој период. Продавачите на пазарот се со поделено мислење за тоа каква е побарувачката. Велат дека пред Нова година се трошат одредени производи, ама граѓаните енмаат пари побарувачката е е делумна.
„Да, да има, има раздвиженост колку сакаш. Купувачи има еве ореви продавам, едот се троши, коштаните ги продадевме, сѐ.“ – велат продавачите.
За купувачите пак и денеска пазарот беше скап. Велат дека избор има, но пари не. Оние со повисоки примања ќе купуваат по квалитени производи, другите и не толку квалитетно. Додавааат дека бидејќи се ближат празници цените на производите одат во нагорна линија.
„Пазарот е многу скап, иде Нова година и цените растат, има и раздвиженост, избор на производи така – така. Тоа е пазарот“ – додаваат купувачите.
Сезонско, овошје и зеленчук, но и ореви и мед беа најпобарувани производи денеска на градскиот пазар во Кочани. За наредниот последен четврток за оваа година продавачите не очекува дрстични промени во цените на производите.