Кои се приоритетните проекти за реалзиација за 2023 година во општините од регионот?

Изградба и реконструкција на улици и патиша, троторати, вложување во системи за наводнување, општински згради, спортски игралишта и центри се само дел од планираните прокети кои ги имаат дел од општините од општините за 2023 година. Градежените активности велат ќе започнат напролет и се надеваат на реализација на голем број капитални проекти.

„Во 2023 година имаме зацртано голем број на прокети од кој би можел да ги издвијам реконструкција на улица Илинденска со атмосферска канализација, спортско рекреативен ценатр на Равна река“ – вели Китански.

За дел од проектите кои треба да се рализираат наредната година средствата се обезбедени и потпишани се договори.

„Наредната година ќе започнеме со капитални проекти за кои имаме склучено договори и се обезбедени финансиски средства. Реконструкција на патишта, реконструкција на сината сала во Домот на култура, и поставување термо фасада и лифт на општинската зграда“ – вели Петков.

Во Општина Кочани 2023 година ќе ја одбележи изградбата на типските куќи каде ќе бидат сместени семејствата од социјален ризик кои сега живеат во старата касарна.

Градоначалниците од регионот истакнаа дека се задоволни од годината која измина бидејќи имаат реализирано голем број на проекти кои се од големо значење за општините. Со Буџетите за наредната година продолжуваат да инвестираат за граѓаните да добија подобро место на живеење.