Раздвижен пазар ден во Виница, голем избор, цените не толку задоволувачки

Раздвижен пазар ден во Виница, најмногу се бараа пиперот и доматите, бидејќи во оваа летна сезона најмногу се приготвуваат. Богат избор, а цените не толку задоволувачки. Невремето кое го зафати овој крај ги принуди производителите да стагнираат со производството. Има денови кога донесената роба ја враќаат назад или ја фрлаат. Согласни се дека во денешно време производството не се исплаќа но сепак мора да се живее.

„60 денари е кромидот, оревите 350, лукот 350, јајцата 12 денари, домашни јајца. Не е многу исплатливо туку малку од малку за домашни работи да си купиме шеќер и зејтин а тешко се изработува, сега е суша тешко се вадат лукот и кромидот. Ниски пензии, кога ќе дојде први и втори се радуваат купуваат а после престануваат нема пари.

„Има ама додека сме млади има ако не можеш да работиш, пензија ако немаш тешко. Се е е од бунар , водата ни е од бунарот, домашно ни е не е прекупувано, земја се раѓа ако работиш.“

„Јас по 50 денари го продавам пиперот а инаку е 60-70, не сака не оди, и тој што ќе го донесеш го враќаш или го фрлаш. Не, не се исплаќа ништо мораме да работиме немаме од што. Па да ти кажам како ќе се справуваме, досега во каналот немаше вода сега почна да доаѓа вадиме што останува за нас тоа работиме. Одгледуваме од се по нешто ама јас многу не продавам“

Купувачите пак со поделени мислења во однос на цените на пазарот, за некои се високи за други ниски. За ситуацијата велат дека е таква бидејќи примањата толку дозволуваат. Велат дека додека има ќе јадат во спротива ќе трпат

„ Компири, домати, ама мината среда по 40 сега 80. Ако одиме на зимскиот период и летниот период за купување да се стагнира една цена за да има за да можат сите да си купат а не одредени да купуваат а други да гледаат. Пипер, домати сега овој период тоа се јаде, пиперот 80, 70 денари како има пазар е“

„Слабо пазар има па така е секогаш 60 денари, 50 како е пиперот, доматот 60, 70 има поубав домат 70. Не е исплатливо мала е пензијата ама што да се прави, ако има ќе јадеме ако не ќе трпиме.

„Наспроти пензиите е поскап ама што да правиме и тие морат да заработат нешто. Пипер, домати, краставички, тоа купуваме“

Ситуацијата е повеќе од очигледна може да се забележи дека за производителите производството не се исплаќа додека за купувачите пречка претставуваат цените кои од пазар на пазар поскапуваат.

Лаура Стојанова, М-Нет