
Второлигашот Арсими од Чегране за новата сезона претстави три нови засилувања, а дополнително и го продолжи договорот со Леонтин Бајрами.
Екипата предводена од Вилдан Салиу за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига се засили со Мухједин Дардишта, Индрит Шакипи и Алтин Нуредини.
Дардишта е млад фудбалер кој доаѓа од Германија, а во Арсими ја засилува дефанзивата. Дардишта е поранешен младински репрезентативец на Македонија, настапуваше во репрезентацијата до 15 и 16 години, а има настапувано и за младинските категории од Шкупи.
Нуредеини е млад дефанзивец кој доаѓа од редовите на тетовска Шкендија, а беше дел и од младинските категории на Гостивар. Станува збор за многу талентиран дефанзивец, кој се очекува уште повеќе да ги засили крилната на жолто-црната одбрана.
Шакипи е млад фудбалер кој во Арсими доаѓа од Шкендија, а тој е и успешен репрезентативец до 19 години. Шакипи беше истакнат дефантизвец во младинските категории на тетовскиот прволигаш, а се очекува да биде големо освежување во Арсими за новата сезона.
Во следниот период ќе бидат промовирани уште неколку засилувања во редовите на Арсими, а претходно како што објави М Нет беше задржан костурот на тимот од ланската сезона.
Александар Ванев, М-Нет