
Работнички и Пелистер одиграа контролен натпревар во Охрид, кој заврши без победник со по еден гол во мрежата односно 1:1. Студено време во Охрид, а на Спортскиот центар „Билјанини Извори“ и двајцата тренери им дадоа шанса на фудбалери со цел да ја проверат формата.
Работнички прв дојде до водство со голот на Кире Маркоски на стартот од второро полувреме, а потоа Борче Маневски го израмни резултатот на конечни 1:1.
Работнички го одигра вториот контролен натпревар во зимските подготовки, а прв во Охрид. Претходно Работнички со 3:0 беше подобар од второлигашот Кожуф во Богданци.