Академија Пандев загуби од Кизилхар на контролен натпревар во Анталија

Академија Пандев го одигра последниот пријателски натпревар во Анталија и со пораз ги затвара подготовките на турско тло, откако загуби од екипата на Кизилхар од Казахстан со резултат од 2:0.

Претходно Академија Пандев загуби од украинска Зорија со 0:2, со убедливи 1:4 го декласираше Раднички Ниш од Србија, а со минимални 0:1 „пандевци“ беа поразени од бугарскиот второлигаш Марица од Пловдив.

Академија Пандев по враќањето од Анталија ќе одигра уште два контролни натпревари против радовишки Детонит Плачковица и „генералка“ против Беласица.