
Викендот започнува новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Првата кошаркарска лига на Македонија со мечевите од првата воведна рунда.
Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички сезонавата ја отвара на домашен терен против екипата на Феникс, во меч каде Работнички ќе биде фаворит за триумф. Екипата на Работнички во однос на меѓусебните дуели има четири победи во низа, а Феникс последен пат над Работнички славеше на 2. декември 2023 година. Работнички со пораз тргна со АБА 2 лигата откако загуби од Сутјеска со 58:71, па сега ќе сака триумф во домашното првенство.
МЗТ Скопје одбрана на титулата ја започнува на домашен терен против новиот прволигаш Шкупи, во меч каде седумкратниот шампион на Македонија ќе биде фаворит за триумф, а со тоа успешно да ја отвори новата сезона. Тимот од Аеродром во рамки на АБА 2 лигата беше подобар од Тиват високи 68:50, па победнички сака да ја отвори сезоната и во домашното првенство.
Чаир на домашен терен ќе го пречека тимот на Кожув од Гевгелија, соочување на две екипи кои претходно се соочиле четири пати од 2022 година наваму, а исходот е по две победи за двете страни. Сега ќе биде соочување кој да биде подобар во меѓусебните дуели.
ТФТ Скопје ќе го пречека новиот прволигаш Куманово во натпревар каде се очекува израмнета игра и неизвесне меч за трите бодови. Куманово минатата сезона стана шампион во Втората лига и обезбеди место во кошаркарската елита на Македонија.
Во Кавадарци ќе се одигра дерби меч меѓу Тиквеш и екипата на Пелистер. Кавадарчани имаат неколку нови играчи од дома и странство, а од друга страна Пелистер победнички ја отвори новата сезона 2024/2025 откако во АБА 2 лигата славеше со 74:72 над Широки Бријег.
Во рамки на 1. коло Вардар ќе се соочи со Гостивар на домашен терен, дуел на две екипи каде Вардар ќе ја бара првата меѓусебна победа против Гостивар од 2018 година наваму. Фаворит на мечот ќе биде гостинскиот тим.
Александар Ванев, М-Нет