
На Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се одржа меѓународна работилница посветена на испитувањето на аромите во храната и пијалаците. На работилницата учествуваат домашни и странски предавачи и учесници од повеќе европски држави. Според професорот Зоран Поповски, изборот работилницата да се одржи во Штип е резултат на активното учество на Универзитетот „Гоце Делчев“ во европските COST акции.
,,Значењето е во неколку работи, значи ние во овој момент сме една од најпрестижните држави со околу 92 посто опфатна научна популација во кост акции. Втора работа е тоа што добивме три кост акции како предлагачи односно како носители на тие акции. Во изминатите 24 години сме имале само две, а оваа година добивме 3 такви акции. УГД е една од институциите и ккао универзитет, но и факултеттот од поактивните членови, навистина имаат големо учество и веројарнтно, тоа била причината за да менџемнтот на оваа акција се определи оваа работилница да ја организираат во Штип.“, кажа Поповски
Работилницата собра експерти од седум европски држави. Освен предавањата, гостите ќе имаат можност да дегустираат македонски вина и храна.
,,Почестени сме и навистина сме горди што го организираме овој настан на земјоделскиот факутлт. Работилници е посветена на сензорна еваулација и аналитичка карактеризација на храна, која е што базирана на растителни протеини и на пијалоци. Во рамки на работилница ќе имаме мастерс клас на македонски вина. Гостите од страна ќе иомаат можност да се запонзаат со македоснктие вина, да дегустираат македоснката растителна храна, која е тема и ќе имаме предавање од експерти од 7 држави.“, кажа Иванова Петроплоус
Учесниците велат дека ваквите средби се особено важни за младите научници, бидејќи им овозможуваат директна размена на знаења и искуства. Професорката Барбара Сигмунд од Универзитетот за технологија во Грац вели дека малите групи овозможуваат подобра комуникација и соработка.
„Добра можност за средби и работа во мали групи, имаме околу триесетина учесници , и одлична можност да се измешаат професори и, што е уште поважно, млади научници. Ваквите мали групи овозможуваат ефикасна комуникација и интеракција, која не е можна на поголемите конференции.“, изјави Сигмунд
Инаку, претставниците на факултетот посочија дека ваквите меѓународни средби се значајни за поврзување на научниците и размена на искуства.
Иван Митев, М-Нет