Пчиња стана шампион во ОФЛ Куманово и се подготвува за влез во Трета лига – Север

Екипата на Пчиња стана шампион во Општинската фудбалска лига Куманово или Четвртата лига, со што Пчиња која лани играше бараж за влез во Третата лига – Север, меѓутоа не успеа да се пласира, сега е пред нова можност да обезбеди учество во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Претседателот на Пчиња, Бобан Маневски за телевизија М Нет вели дека пресреќен што неговиот тим одново е шампион во Општинската фудбалска лига Куманово и што ќе може да игра во Трета лига – Север.

Маневски вели дека нивните планови се првата сезона да се изборат за опстанок во Трета лига – Север, а плановите на клубот се да се подготви теренот со цел да може да ги исполнува условите за да може домашните натпревари да ги игра на домашен терен односно во Пчиња.

Фудбалерот на Пчиња, Иван Вукановски вели дека за нив ова е успешна сезона, а тој во изјавата за телевизија М Нет очекува Пчиња да се избори за влез во Трета лига – Север, откако лани немаше среќа во баражот.

Пчиња сезоната ја заврши на првото место во Општинската фудбалска лига во Куманово или Четврта лига и стана шампион, па сега е пред портите да игра и во Трета лига – Север.

Александар Ванев, М-Нет