
Кавадарчанецот Александар Златев со хуман гест за лекувањето на неговиот сограѓанин Бошко Јанкулов.
19-годишникот заминал да студира во Штип, мислејќи дека студиите по менаџмент ќе бидат негов најголем предизвик, сепак му е дијагностициран малигнен карцином на коските, карлица и белите дробови, со што животот го става Јанкулов пред сосема неочекуван предизвик.
За да ја победи болеста на младиот Јанкулов му се потребни 75.000 евра, со цел да може да се лекува во Турција.
За таа цел Александар Златев го стави на аукција дресот на фудбалерот Даниел Мојсов од Кавадарци, кој ќе биде на аукција до 21. мај, со почетна цена од 3.000 денари, а оној кој ќе понуди највисока понуда ќе го дресот од Мојсов потпиша од страна на сите фудбалери на Тиквеш, а средствата ќе биде донирани за лекување на Јанкулов.
Александар Ванев, М-Нет