
Еден од подобрите македонски фудбалери Изаир Емини стави крај на својата 17-годишна играчка кариера, откако реши да ги закачи копачките и да замине во пензија.
Трофејниот македонски фудбалер кој што е капитен на шампионот во Втората лига, екипата на Беса која за првпат ќе игра во Првата лига, стави крај на неговата играчка кариера на натпреварот против Башкими на домашен терен и пред домашната публика.
Во својата кариера Емини настапуваше за Шкендија, Ренова, Кукеши, Дрита, Воска Спорт и последно во Беса од Добри Дол.
Искусниот 38-годишен фудбалер во својата кариера трипати ја имаше освоено Првата македонска фудбалска лига, трипати беше шампион во Втората македонска фудбалска лига, еднаш го освои Суперкупот на Македонија, еднаш го освои и Купот на Македонија.
Емини беше шампион и во Суперлигата на Албанија, го има освоени и Купот и Суперкупот во Абалнија, а во својата кариера еднаш беше шампион и во Суперлигата на Косово.
Беса предводена од Александар Таневски од следната сезона за првпат ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет