Пукнала боца со хлор во филтер станица во Виница, причинета е материјална штета

50 литри хлор истекоа во филтер станица во Виница, при замена на старата со нова боца. За среќа нема повредни лица, причинета е само метријална штета, вели директорот на ЈП Солидарност Виница, Игор Спасовски. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија посочува дека брзата реакција на вработените, спасила трагедија, а помош имало и од ТППЕ Виница кои интервенирале со две противпожарни возила и четири пожарникари.

„При замена на боца со хлор во рамки на филтер станицата на ЈП Солидарност Виница, при замената на старата боца со нова дошло до истекување на хлор. Веднаш нашите реагирале со заштитни механизми кои ги имаме, сенозри, тушеви, а помош е побарано од ТППЕ Виница.“ – велат од јавното претпријатие.

Имаше седум пожари на отворено во последното деноноќие. Конкретно, Регионалните ЦУК Скопје и Битола информираат за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

Инаку, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40%, а 52,60% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,20%, кон Итната медицинска помош 23,20%, а кон пожарникарите 3,60%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Лаура Стојанова М-Нет