
Професори, доктори, економисти, ученици и пензионери седнаа в советничките клупи во Советот на Општина Штип. Секој со своја визија и идеја, но со заедничка цел, Штип да биде поубаво и подобро место за живеење. Денеска се доделија уверенија на новоизбраните совеници во советот, кој треба да ги носат одлуките за Штип во наредните четири години. Акцент е ставен и на младите, па најмладиот советник во овој состав има само 18 години и е ученик во средното медицинско училиште во Штип. Како што вели заложбите ќе бидат за сите граѓани.
„Мојата заложба не е само кон младите туку во насока на сите граѓани на Штип.Ние во програмата на Левица имаме проекти и за младите“ – вели Христовски.
Гласот на младите да се слуша повеќе, да се работи на студентите и на подобрување на условите за граѓаните се заложбите и на младите советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Со нови содржини, нови проекти ќе се прават напори младите да останат да учат, работат и живеат дома.
„Како млад човек верувам дека младиот глас треба да биде на едно повисоко ниво и тоа е она за кое ние ќе се бориме во наредните четири години. Верувам дека секој млад човек сака да живее во една поубава средина, поубаво општество со поубав содржин“ – вели Коцев.
Највозрасниот советник во Советот на Општина Штип има 71 година и доаѓа од политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Пенизонерите, но и новите капитални проекти кои треба да се реализираат во наредните четири години се ставени во фокусот на вниманието, со цел сите граѓани да добијат подеднакви права во Општината.
Во овој совет има советници од четири политички партии, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ. Сите заедниччки дециидни дека ќе се работи чесно и посветено за потребите на Штип.
Советот во Општина Штип брои 23 советници. На Локалните избори најмногу гласови доби советничката листа на ВМРО ПДМНЕ и коалицијата со што го добија мнозинството во советот со 16 советника. СДСМ има четири советника, два се од Левица и еден од Знам. Од нив десет се жени и 13 мажи. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ имаат иста застапеност на мажи и жени, по осум односно два, а од Левица и ЗНАМ се мажи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет